состојки:
50 грама телешко месо,
100 грама сладок компир батат,
1 морков,
100 грама грашок,
половина лажица исечкан кромид,
1 чешне лук
подготовка:
Убаво исчистете го и измијте го зеленчукот.. отпенете го и убаво сварете го телешкото месо.
Останатите состојки гответе ги на пареа околу 25 минути. Готовите состојки блендирајте ги заедно со месото. Додадете половина лажичка маслиново масло.
Кашата е готова за вашето бебе!