Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Брз десерт со фантастичен вкус

Брз десерт со фантастичен вкус

16118
G Natural


Состојки:
-100гр. чоколадни ролери исецкани ситно
-100гр. мелена плазма
-1 лажица чоколаден намаз
-50гр. ресана
-20гр. растопен путер
-20гр. млеко
-100гр. млечно чоколадо

Подготовка:
Сите состојки освен млечното чоколадо измешајте ги и ќе добиете хомогена смеса.

Ставете ја смесата на стреч фолија во форма на коцка и оставете ја во замрзнувач да се стегне. Потоа исечете ја и секое парче потопете го во стопено млечно чоколадо од едната страна.

Вратете во ладилник околу 1 час и уживајте во убавиот вкус.

Рецепт и фотографија : ХРАНА И РЕЦЕПТИ

Следете на Инстаграм