Home ПИЈАЛОЦИ здрави ВИДЕО: Еве како сами да си направите сируп од глуварче

ВИДЕО: Еве како сами да си направите сируп од глуварче

1836
G Natural

Глуварче – кај народот познато како млечка е лековито растение, кое содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц), минерали: железо, калиум, натриум и магнезиум.

Го чисти и јакне организамот, ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот тракт, го намалува холестеролот, помага и при алергии.

Од цветовите од глуварче се приготвува сируп кој се пие како лек против кашлица, настинка, бронхитис.

Сирупот се користи при анемија и за зајакнување на имунитетот.

Латици од глуварче се ставаат во стаклена тегла, и се посипуваат со шеќер. Рет латици, ред шеќер. Теглата се чува на сонце, околу 14 дена. Потоа смесата се прецедува со газа и се чува во фрижидер.

Целата процедура погледнете ја во видеото подолу: