Home видео рецепти Уживање за сите: Рецепт за вкусни бургер лепчиња

Уживање за сите: Рецепт за вкусни бургер лепчиња

17140
G Natural

Овие бургер лепчиња ќе ги направите со успех и без да имате особени пекарски способности.

Превкусни се и многу меки, радост за целото семејство.

Деталната постапка видете ја во видеото подолу!

Состојки:

125 мл млеко

125 мл вода

50 мл масло

10 гр шеќер

половина лажичка ванилин шеќер

1 лажичка сол

20 гр квасец

400/450 гр брашно

1 жолчка

30 мл масло

20 мл вода

маргарин

Подготовка:

Во млаката вода и млеко го додаваме квасецот и шеќерот. Мешаме и оставаме десетина минути да се активира.

Потоа го додаваме маслото, ванилата, солта и промешуваме.

Го додаваме брашното и го формираме тестото. Го премачкуваме со масло и оставаме 40 минути да нарасне.

Потоа повторно го премесуваме тестото и формираме топчиња.

Ги премачкуваме со смеса од жолчка, масло и вода , наросуваме сусам и оставаме уште 15 тина минути да нараснат.

Печеме во загреана рерна на 180 степени, 20 до 25 минути.

Готовите лепчиња ги премачкуваме со маргарин.

Добар апетит!