Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Кој може да одолее на колач со вкус на малина и чоколадо

Кој може да одолее на колач со вкус на малина и чоколадо

16426
G Natural

Едноставен и брз колач кој мора да го пробате… ве уверувам дека ќе ве освои уште со првиот залак.

Потребни состојки:

Пандишпан:

-5 јајца

-5 лажици шеќер

-2 лажици мелени лешници

-4 лажици брашно

-2 лажици какао 

-1 прашок за пециво

-2 лажици чоколадни лушпи 

-2 лажици масло 
Фил:

-4 кесички шлаг крем

-450мл. млеко-2 лажици чоколаден крем

-50мл. ликер од малина

-100гр. црно чоколадо со малина

-малку путер


Јајцата изматете ги со шеќерот и постепено додајте ги другите состојки. Штом добиете хомогена смеса истурете ја во тава обложена со хартија и печете околу 15тина минути на 180 степени.
Шлаг кремот изматете го со млекото.

Во сад на пареа стопете ги сите останати состојки и додајте ги во садот со шлагот. Истурете го филот врз кората и оставете во фрижидер околу 3 часа. 

Декорацијата нека биде плод на вашата фантазија…

Фотографија и рецепт: cook_with_christina

Follow

Follow