Home видео рецепти Домашни манчмелоу коцки (видео)

Домашни манчмелоу коцки (видео)

3695
G Natural

Пандишпан:
Состојки:

4 жолчки
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1 чаша брашно
½ чаша масло
1 пециво
1-2 лажици какао

Пенесто изматете ги жолчките и шеќерот, па додајте ги останатите состојки. Ставете го пандишпанот да се пече на 180 степени околу 40 минути. За тоа време направете го филот.
Фил:
Состојки:

4 белки
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер

Подготовка:
Изматете ги белките во цврст снег, па лажица по лажица додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога пандишпанот ќе се испече, врз него намачкајте го филот, па вратете во рерна пет минути да се засуши филот.

Испечениот колач премачкајте го со глазура од истопено чоколадо.

Добар апетит!