Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Кој е за здраво чоколадно лебче?

Кој е за здраво чоколадно лебче?

16889
G Natural

Состојки:

-400гр. овесни снегулки

-4 јајца

-200гр. јогурт 

-50гр. сок од лимон

-малку кора од лимон 

-1 прашок за пециво

-3 лажици мед

-1 лажица афион 

-200гр. чоколадни трошки 

-1лажица здрав чоколаден намаз 

Подготовка:


Овесните снегулки измелете ги за да добијат брашнеста структура.Во сад изматете ги јајцата и додајте го јогуртот. Мешајте и постепено додајте ги сите други состојки.

Ќе добиете хомогена смеса која ќе ја истурите во тесна тава обложена со хартија за печење.

Печете околу половина час на 180 степени.

На здравје

Рецепт и фотографија: ХРАНА И РЕЦЕПТИ