Home видео рецепти Пастрмајлија за почетници, рецепт кој со сигурност успева (видео)

Пастрмајлија за почетници, рецепт кој со сигурност успева (видео)

11220
G Natural

Состојките се за четири големи пастрмајлии а подготовката ќе ве чини 280 денари.

Состојки:

  • 840 гр брашно
  • 500 мл вода
  • 8 лажици зејтин
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажички сол
  • 1 квасец
  • 800 грама свинско месо (или пилешко) исечкано на коцкички и посолен
  • 1 лажица јаболков оцет
  • свинска маст

 Подготовка:

Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне ( додека не нарасне дупло). Потоа тестото се дели на четири дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.

Од топчињата од тесто се развлекува пита. Околу неа, од тестото се оформува венец. Врз тестото се редат парчињата свинско месо, ситно исечкано и посолено и пастрмата (по желба). Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени .

Откако ќе ја извадиме од рерната , венчето на пастрмајлијата се премачкува со свинска маст , се завиткува во мрсна хартија и во чаршав и се остава да омекне.

Добар апетит!