Home ГОТВАЧ Ви снемало леб? Направете си брзи домашни лебчиња

Ви снемало леб? Направете си брзи домашни лебчиња

8762
G Natural

Состојки:

  • 500гр брашно
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 120 мл масло
  • 160 мл топла вода

Подготовка:
Ги мешаме брашното, квасецот, солта и шеќерот. Го додаваме маслото и мешаме.
Тестото станува лесно ронливо, но при притискање ја добива посакуваната форма.
Ја додавеме водата и мешаме до цврсто тесто. Оставаме да отстои околу 40 минути на топло. Потоа повторно лесно месиме.
Од тестото обликуваме мали топченца – со големина по избор. Ги редиме во подмачкана тава и ги печеме на 180 степени, околу 30 минути.

Леб