Home ГОТВАЧ десерти Како да направите домашни Баунти чоколадца

Како да направите домашни Баунти чоколадца

3630
G Natural

Состојки:

  • 200 г. кокос
  • 100 мл. слатка павлака
  • 70 г. шеќер во прав
  • 70 г. путер
  •  200 г. чоколадо за готвење

Подготовка:

  • Во еден сад измешајте ги шеќерот во прав и кокосот. Во друго тенџере на оган загрејте ја слатката павлака заедно со путерот, на тивок оган. Кога путерот ќе се стопи, оставете ја смесата да се излади.
  • Кога предходно подготвената смеса ќе се излади, прелијте ја преку кокосот и шеќерот во прав. Промешајте добро додека да се добие тврда смеса.
  • Добиената смеса можете да ја обликувате на два начини: првиот е да ја израмните смесата во тава за печење или калап, како што се прави бајадера, а вториот е да земате по малку од смесата и да ги обликувате колачињата, притоа редејќи ги на алуминиумска фолија. Откако ќе завршите со обликувањето, ставете ја смесата во фрижидер.
  •  Откако ќе отстои во фрижидер и ќе се стегне, прелијте ја смесата со растопено чоколадо, па вратете уште малку во фрижидер да се стегне и чоколадото, па сервирајте.

Добар апетит!

Баунти чоколадца