Состојки:
- 350 грама грав
- 3 суви црвени везени пиперки
- 1 свеж патлиџан (може замена сушен црвен патлиџан)
- 3 парчиња кромид
- 6 чешниња лук
- Масло за јадење
- 1 лажица суво нане
- Мелен црвен пипер
- Сол
Подготовка:
Гравот се кисне во топла вода околу 2 часа и потоа се вари на тивок оган.
Варениот грав се префрла во земјена тава каде се дотура нане, сол и потоа се посипува со запршката подготвена со 1 кромид, масло и мелен црвен пипер.
Целата смеса се меша со лажица. Потоа одозгора се редат двата кромида пресечени на половина во форма на круг.
Исто така и патлиџанот се сече на половина, чешнињата лук и пиперките се ставаат цели.
Малку сол се посипува и врз самиот зеленчук.
Се подготвува уште една запршка само со масло и црвен пипер и врела се прелива со лажица врз сите парчиња од зеленчукот.
Се пече на 250 степени околу 1 час.
Добар апетит!