Home ГОТВАЧ главни јадења Сезоната започна! Еве како да направите сарма со лист од зелка

Сезоната започна! Еве како да направите сарма со лист од зелка

2946
ХитКујна канал

СОСТОЈКИ:

1 главица кисела зелка
500 гр мелено месо
1 главица кромид
1/2 страк праз
4 чешниња лук
ориз
100 гр сланина
2 лажички пипер
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ситно исечканиот кромид, лук и празот пропржете ги на загреано масло, па додедете ја сланината, месото и оризот.
Додајте зачини и добро измешајте.

Листовите кисела зелка измијте ги со вода, а потоа на средина на лист ставете фил и свиткајте од коренот кон врвот.

Со остатокот од листовите обложете го тенџерето во кое ќе ги готвите сармите. Наредете свитканни сарми и прекријте ги со листови зелка.

Садот во кој ќе готвите налијте го со вода додека не ги прекрие сармите.
Гответе на слаб оган најмалку еден час.

Добар апетит!