Home ГОТВАЧ бабини рецепти Рецепт за АЈВАР – се прави и дома на шпорет

Рецепт за АЈВАР – се прави и дома на шпорет

4737
G Natural

Во морето од рецепти за ајвар, еве како да направите ајвар со минимален број на намирници, а ќе добиете фин и кремаст намаз.

Потребни состојки:

1кг. Црвени пиперки

½ кг домати

10 гр. Сол

1 дцл. Масло

Начин на подготовка:

  1. Испечете ги пиперките и доматите, излупете ги и исчистете ги од внатрешноста – печењето може да го направите и во рерна дома.
  2. Во сад со широко дно ставете го маслото, загрејте го и додадете ја смесата за печење и солта. Мешајте со голема лажица со рамен завршеток за да се зафати што поголема површина за да не дојде до загорување. Може да користите и од големите тенџериња во кој обично се прави ајвар на отворено со тоа што ќе ги вклучите неколкуте рингли кои тенеџерето ги зафаќа со своето дно. Печењето на смесата не би требало да трае повеќе од 20 минути.