Потребни состојки:
- шест шољи супа од зеленчук
- малку куркума
- ситно сецкан морков
- три лажици маргарин
- една лажица маслиново масло
- чешне лук,
- исечкан кромид,
- една и половина шоља ориз
- половина шоља бело вино
- сол и бибер
- силионски калап за мафини
Подготовка:
На маслиново масло пропржете го кромидот додека не стане стаклест, додајте морков и продинстајте. Додадете го оризот и оставете го да се пропржи додека не стане бел (внимавајте да не стане кафеав).
Додајте шоља супа од зеленчук. Намалете го огнот и оставете да се крчка. Штом оризот ќе остане без вода, додајте уште малку супа. Кога сте при крај со супата, во оризот додајте го лукот и кукурумата.
Додајте бело вино. Кога водата ќе испари додајте го и маргаринот.
Калапите намачкајте ги со масло и во нив ставете го жешкиот ориз и оставете го да се олади. Пред служење, извадете го од калапот и украсете го по желба.