Home ГОТВАЧ гезме Вистинско задоволство: Пастичо макарони

Вистинско задоволство: Пастичо макарони

2739
G Natural

Состојки:

500 гр макарони
500 гр мелено месо
2 главици кромид
1 морков
масло
зачини по вкус, бибер, сол, оригано,мешан сув зачин
кашкавал

За сосот

3 лажици брашно
масло или путер
150 мл млеко
250 гр кисело млеко или павлака

Подготовка:

Кромидот и морковот ситно сечкани ги пржите на масло. Додадете го месото и неколку минути пропржете да се соединат, па додадете ги зачините.

Налејте малку вода и оставете да врие, на тивко околу 20-тина минути.

За тоа време сварете макароните.

За сосот, стопете го путерот па додадете го брашното. Мешајте на оган околу 2 минути. Постепено почнете да го додавате млакото млеко со постојано мешање за да не ви се направат грутки. Откако ќе се згусне тргнете го од оган, почекајте малку да се олади и додадете ја павлаката. Убаво промешајте.

Во тава ставете половина од макароните. Врз нив додадете го месото. Додадете ја другата половина од макароните, па сосот. Одозгора ставете парчиња кашкавал.

Печете во загреана рерна, околу половина час.

Добар апетит!

Следете не на Инстаграм !