Home видео рецепти Лесно, брзо, превкусно: Mусака со тиквици (ВИДЕО рецепт)

Лесно, брзо, превкусно: Mусака со тиквици (ВИДЕО рецепт)

2352
G Natural

Подготовката на ова превкусно јадење нема да ви одземе многу време, а на трпезата ќе имате вистински специјалитет.

Состојки:

  • Три тиквички со средна големина
  • 500 грама мелено месо
  • 100 грама ориз
  • една главица кромид
  • еден морков
  • зачини (сушен зелечнук, црн пипер, црвен пипер во прав)
  • 400 мл вода

Подготовка:

Месото заедно со кромидот, морковот и зачините промешајте го и смесата пропржете ја неколку минути.

Во меѓувреме излупените тиквици исечете ги на кругови или полукругови.

Во тава за печење наредете ред тиквици и врз нив додадете ја смесата од мелено месе. Потоа наредете уште еден ред тиквици и прелијте ги со вода.

Печете 40 минути на температура од 180 степени.

Целата постапка во видео верзија проследете ја подолу: