Состојки:
3 јајца
12 лашици шеќер
1 филџан масло
1 филџан млеко
15 лажици брашно
1 пециво
100 гр кокос
За прелив:
15 лажици вода
13 лажици шеќер
1/4 коцка маргарин
3 лажици какао
1 ванилен шеќер
Подготовка:
Јајцата и шеќерот убаво се матат. Потоа, постепено се додава млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот.
Смесата се става во намрсена тава и се пече на 180 степени околу 20 мин.
Во огноотпорен сад се ставаат сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање се растопуваат. Смесата не смее да проврие.
Кога малку ќе олади, колачое се сечи на парчиња и потоа се прелива со преливот.
Добар апетит!