Home ПИЈАЛОЦИ здрави Волшебна “ Sassy“ вода – го топи салото од стомакот и симнува...

Волшебна “ Sassy“ вода – го топи салото од стомакот и симнува 3 килограми за 4 дена!

6799
G Natural

Со помош на едноставен напиток кој ќе ве освежи можете да ги намалите масните насалаги кои се собираат на клучните места на телото.

Осум чаши вода се наведуваат како основа на секоја здрава исхрана. Без оглед на тоа дали сакаме да изгубиме килограми или да ја одржиме постоечката тежина, водата помага сите телесни функции да работат без поголеми тешкотии.

За здраво варење и елиминирањето на насобраните течности во телото најважни се „водените“ бенефиции за оние кои сакаат да ослабат.

Во зависност од потребите и степенот на физичка активност, препорачаната количина може да варира.

Ако сакате водата, која се вбројува во листата најздрави пијалоци да го направите уште поблаготворен и ефектен за време на губење на килограмите, Синтија Сас, нутриционист, осмисли едноставен напиток кој ја намалува надуеноста и го подобрува варењето.

Освежувачката „саси вода“ не е една од оние невкусни и непријатни напитоци кои морате да ги пиете со затнат нос. Освен што ќе ве разбуди, ќе го освежи вашето тело и темелно ќе го истушира од внатре.

Лимунада

Еве како се подготвува:

Состојки:

– 8 чаши вода

– една лажичка рендан корен од ѓумбир

– една свежа краставица со средна големина, излупена и исечена на тенки парчиња

– еден лимон со средна големина, изечен на парчиња

– 12 листови нане

Наведените состојки помешајте ги со вода. Оставете ја смесата да отстои преку ноќ за да намирниците ги испуштат своите ароми, па консумирајте го во текот на следниот ден.