Home ГОТВАЧ Еве како да изберете зрела лубеница

Еве како да изберете зрела лубеница

2160
G Natural

Експертите велат дека највкусни се оние лубеници кои имаат симетричен облик.
Свежината на лубеницата можете да ја утврдите врз основа на стеблото. Експертите велат дека лубеницата е зрела кога од нејзиното стебло, кога ќе се исече, потекува леплив сок.
Зрелата лубеница има темно зелена боја, а добро е и доколку на себе има лузна. Зрелата лубеница е тешка за својата големина. Знајте дека 92 проценти од лубеницата е вода. Незрелата лубеница е лесна за својата големина.
Кога купувате лубеница погледнете ја страната на која лежела на земјата. На тоа место таа треба да биде со кремасто жолта боја, помеѓу бојата на банана и лимон. Доколку тој дел е со бела боја или светло зелена, тоа е знак дека не е доволно зрела.

Лубеница

Извор- boza.mk