Home ГОТВАЧ главни јадења Со мелено месо, сланина и лименка можете да направите неверојатен специјалитет (рецепт)

Со мелено месо, сланина и лименка можете да направите неверојатен специјалитет (рецепт)

5193
G Natural

Овој трик ќе ви покаже дека вистинскиот специјалитет не бара многу време и умешност.

Купете мелено месо, сланина, а потребно ќе ви биде и лименка пиво и секако скара, но и малку време за да го подготвите овој одличен специјалитет.

Од месото направете топки, а потоа во нив ставете ја лименката пиво.

Преку месото ставете парчиња сланина. Изберете зеленчук и зачини по ваш вкус.

Со пешкир или марамче извадете ја лименката од месото, па во дупката која е направена со лименката додајте го зеленчукот. Вака подготвнеото месо ставете го на скара.

Кога печењето ќе заврши ќе добиете вкусни парчиња месо, а кога ќе ги исечете ќе добиете јадење примамливо за вашиот вкус и вид.