Home ГОТВАЧ здрава храна Благодарение на ова мени, Џеј Ло има згодно тело и на 46-години

Благодарение на ова мени, Џеј Ло има згодно тело и на 46-години

6076
G Natural

Џенифер Лопез има неверојатно тело.

Таа скоро две децении се занимава со танц и напорно вежба, но за нејзината фигура не е задолжен само тренингот туку и начинот на исхрана.

„Не се прегладнувам. Со годините научив дека здравата исхрана е многу важна, како и здравиот начин на живот“, вели 46-годишната Џеј Ло.

Еден од триковите со кои се служи се честите ужинки. Тие најчесто подразбираат свежо овошје и зеленчук, а освен тоа еве што друго има на нејзиното мени.

ПОЈАДОК – Смути

Џенифер својот ден го започнува со смути, а ова е нејзиниот рецепт:

  • 3/4 шољи јагоди
  • 1/4 шољи боровници
  • 1/4 шољи малини
  • 1/4 шољи грчки јогурт
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1/4 лажици мед
  • 1/4 лажици свеж сок од лимон
  • 1/4 шољи коцки лед

телото на џенифер лопез

РУЧЕК – Салати

Омилена салата на латино дивата е со кељ.

За да подготвите ручек како на Џенифер потребни ви се следниве состојки:

  • 1 чинија сецкани листови кељ
  • 2 лажичи пржени семки од тиква
  • 2/3 рендано сирење
  • 2/3 лажици свеж сок од лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/3 лук

телото на џенифер лопез

УЖИНА – Овошје

За ужина Џеј Ло најчесто јаде јаболко или некое друго сезонско овошје

телото на џенифер лопез

ВЕЧЕРА – Месо

Пејачката за вечера во својот оброк внесува месо и компири. Ова е нејзината типична вечера:

  • пилешки гради на скара
  • 1/2 шоља динстани брокули
  • /2 чинии печен сладок компир

телото на џенифер лопез