Home ГОТВАЧ Се прави за неколку минути: Домашен џем од јагоди

Се прави за неколку минути: Домашен џем од јагоди

2616
G Natural

Јагодите се едно од најпопуларните, а за многумина и омилено црвено овошје.

За бројните благодети на ова вкусно овошје веќе знаеме, а ако сте љубител на мармаладот, ви предлагаме да го пробате овој експресно брз рецепт.

Потребни состојки: 500 грама исчистени јагоди, 1 ½ шоља шеќер, сок од еден лимон, 1 стерилизирана тегла

Подготовка:

Најпрво јагодите исчистете ги од дршките и добро измијте ги. Исецкајте ги јагодите и ставете ги во поголем огноотпорен сад, па додајте го шеќерот и лимоновиот сок.

Добро измешајте го овошјето, ставете го садот во микробранова печка и на најсилна температура печете четири минути.

После тоа извадете го садот, промешајте ја смесата, а потоа печете уште 15 минути.

За тоа време земете чинија и оставете ја да постои во замрзнувач. Кога ќе забележите дека џемот почнува да врие, исклучете ја микробрановата печка, промешајте го и оставете го да се „смири“ и повторно вратете го и оставете да се готви.

После 15 минути, џемот ќе биде сеуште прилично редок, а ќе проверите дали е готов така што ќе ја извадите чинијата од замрзнувачот и ќе ставете една лажица џем во неа, а потоа ќе ја вратите во замрзнувачот на две до три минути.

Ако џемот е доволно густ, тоа значи дека е готов. Ако ви се чини дека е уште редок, вратете го во микробрановата печка и гответе уште некоја минута, а потоа повторете го тестот.

Ставете го џемот во стерилизирана тегла и уживајте во вкусот.

Повеќе рецепти на hitkujna.com.mk