Home ГОТВАЧ главни јадења Рижото со зеленчук

Рижото со зеленчук

5560
G Natural

Потребни состојки:

  • шест шољи супа од зеленчук
  • малку куркума
  • ситно сецкан морков
  • три лажици маргарин
  • една лажица маслиново масло
  • чешне лук,
  • исечкан кромид,
  • една и половина шоља ориз
  • половина шоља бело вино
  • сол и бибер
  • силионски калап за мафини

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го кромидот додека не стане стаклест, додајте морков и продинстајте. Додадете го оризот и оставете го да се пропржи додека не стане бел (внимавајте да не стане кафеав).

Додајте шоља супа од зеленчук. Намалете го огнот и оставете да се крчка. Штом оризот ќе остане без вода, додајте уште малку супа. Кога сте при крај со супата, во оризот додајте го лукот и кукурумата.

Додајте бело вино. Кога водата ќе испари додајте го и маргаринот.

Калапите намачкајте ги со масло и во нив ставете го жешкиот ориз и оставете го да се олади. Пред служење, извадете го од калапот и украсете го по желба.