Home ГОТВАЧ главни јадења Пилешки шницли со модар патлиџан

Пилешки шницли со модар патлиџан

3748
G Natural

Состојки:

  • 4 шницли
  • 1 модар патлиџан
  • 2 лажици ајвар
  • 100гр фета сирење
  • ½ краставица
  • 1 чаша кисело млеко
  • 2  кисели павлаки (100 грамски)
  • Сол, црн пипер
  • 1 чешне лук

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на четири листови по должина, од двете страни посолете и оставете ги некое време.
Загрејте малку масло во тава и додадете ги листовите од модриот патлиџан. Испржените домати ставете ги на хартија за да се исцеди маслото.
Истолчете ги шницлите, посолете и додадете црн пипер. Премачкајте ги со ајвар. Фета сирењето исечете го на дебели листови и наредете ги врз месото. На крај прекријте со листовите од модриот патлиџан. Затегнете ги краевите со чепкалка, а потоа пржете во врело масло по 4 минути од двете страни.
Изрендана краставица и истолчен лук додадете во кисело млеко помешано со павлака и помешајте.

Додадете сол, црн пипер и малку шеќер и ќе добиете вкусен сос кој ќе го сервирате со месото.

Добар апетит!

Пилешки шницли