Home ГОТВАЧ За мрзливите – торта во три чекори готова за неколку минути

За мрзливите – торта во три чекори готова за неколку минути

5613
G Natural

Состојки:

  •  2 цели јајца
  •  2 чаши рендано јаболко или морков
  •  1 чаша шеќер
  •  1 чаша гриз (или половина чаша гриз и половина чаша брашно)
  •  1 чаша мелени ореви / лешници / бадеми
  •  1 чаша млеко
  • 0,5 чаша зејтин
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 кесичка прашок за пециво
  •  100 гр вишни (не е задолжитело)

Подготовка:
Јајцата се матат заедно со шеќерот – се додека не се добие пенлива смеса. Додадете млеко, масло, какао. Промешајте. Потоа додадете ги јаболката, оревите, гризот, прашокот за пециво и вишните. Промешајте ги сите состојки додека не се соединат. Прелијте го во подготвен сад и печете на 180°C. Со чепкалка за заби проверете дали колачот е добро испечен.

Чоколадна глазура:

  • 100 гр чоколадо
  •  70 g путер

Подготовка:

Стопете ги путерот и чоколадото. На се уште топлиот колач истурете ја глазурата. Оставете да се излади.

Добар апетит!

Мрзлив колач