Home ГОТВАЧ главни јадења Говедско на кинески начин

Говедско на кинески начин

3634
G Natural

Состојки:

  • 1 лимон
  • 1/2 чаша супа од говедско месо
  • 3 лажици соја сос
  • 2 лажички пченкарно брашно
  • 1 лажица масло
  • 450гр говедско месо, исечени на коцки
  • 350гр печурки, преполовени или исечкани на ливчиња
  • 1 чаша дијагонално исечени моркови
  • 2 чаши грашок
  • 1 куп младо кромитче, исечкано и белите и зелените делови поделени
  • 1 лажица сецкан лук

Подготовка:

Изрендајте 1 лажичка кора од лимон и оставете го на страна. Сокот од лимонот измешајте го со 3 супени лажици говедска супа, соја сос и пченкарнo брашно во мал сад.

Загрејте го маслото  на средна температура. Додадете го говедското и гответе, мешајќи повремено, додека да се свари, 4-5 минути. Префрлете ги состојките во тавче, без говедското. Додадете ги печурките и морковите во тавата и варете додека морковите не омекнат, околу 5 минути. Додадете го грашокот, белите делови од кромидот, лукот и кората од лимонот. Гответе мешајќи не повеќе од 30 секунди, па додадете го остатокот од супата и гответе уште 2-3 минути дури смесата не се згусти. Конечно додадете го говедското и зелените делови од кромидот. Гответе уште неколку минути.

Се служи топло.

Добар апетит!

Говедско на кинеско начин