Состојки:
- 4 филети лосос
- 4 супени лажици маслиново масло
- 3 домати, исечкани
- 2 млади кромиди, исечкани
- 2 супени лажици цеден сок од лимон
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка мајчина душица
- Сол и бибер
Подготвка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте го лососот со 2 лажици маслиново масло и малку сол и бибер. Во блендер ставете ги доматите, кромидот, 2 супени лажици маслиново, сокот од лимон, ориганото, мајчината душица, сол и бибер.
Ставете ги четирите парчиња лосос во четири посебни фолии. Страната со маслото нека биде свртена надоле. Поливајте ги со сосот од блендерот и потоа затворете ја фолијата.
Ставете ги лососите во фолија, во голема тава за печење, и печете околу 25 минути.
Добар апетит!