Home СОВЕТИ После ова видео, нема да помислите да јадете виршли

После ова видео, нема да помислите да јадете виршли

2827
G Natural

Многу добро знаеме дека виршлите не се баш најздравата храна на светот, но како и паштетите, тие се ефтина храна, вкусна и лесна за подготовка.

Ако сте навистина голем љубител на виршлите ви препорачиваме да не го гледате видеото.

Во истото е прикажан процесот низ кој поминуваат состојкте за подготвување на оваа храна.

Доколку сепак го погледнете, тоа ќе ве натера да размислите малку повеќе следниот пат кога ќе помислите да ги купите.

Виршлите се подготвуваат од остатоците од свинското и говедското месо. Тоа всушност е материјал кој месарите го фрлаат.

Месото се меша и пакува во големи пакувања, а истите тие стигнуваат на почетокот на производната лента.

Овде нема непосакувана состојка – се оди во машините за мелење.

Во мешавината може да се додаде и преработено пилешко месо кое на виршлите им го дава препознатливиот вкус.

Ако помисливте дека месото во првите три чекори делува одвратно, само стрпете се во овој чекор, во кој мешавината се мели додека не дојде до течна агрегатна состојба.

Работниците во фабриката сега додаваат скроб, сол и сенф во смесата.

Смесата дополнително се преработува додека не поприми текстура на пире, а сиот воздух кој се задржал се отстранува со вакуум.

Кога е мешавината подготвена, време е храната да го добие својот препознатлив облик. Во машината се уфрлаат големи црева од целулоза.

Пирето од мешано месо и додатоци се испумпува во целулозното црево, виршлите „заминуваат“ во просторијата за чадење каде им се додаваат додатни вкусови додека се печат и на крајот се полеваат со слој студена, солена вода, за да биде доволно изладени за пакување.

Работник рачно го проверува квалитетот на производот, а несовршените виршли се одвојуваат и повторно се преработуваат.


На крај, автоматизирана машина ги пакува сите виршли во пакувањата кои ги гледате секојдневно во вашата продавница.