Доколку за подготовка на одреден вид храна ви е потребна кисела павлака а во моментот на подготовка ја немате, можете да ја замените со комбинација од малку млеко измешано со половина лажичка брашно и една лажица лимонов сок.
Добиената т.н. кисела павлака ќе му ја даде потребната густина на јадењето, а вкусот ќе биде речиси ист како кога би готвеле со готова кисела павлака.