Home ГОТВАЧ Турски деликатес – чоколаден сутлијаш

Турски деликатес – чоколаден сутлијаш

5370
G Natural

Состојки:

  • 60 грама чоколадо
  • 2 лажици цимет
  • 3 лажици шеќер
  • 30 грама маргарин
  • 100 грама ориз
  • 500 милилитри млеко

Подготовка:

Стопете го маргаринот и додајте го оризот. На тивок оган варете го млекото додека не зоврие. Во садот со маргарин и ориз се додава 1/3 од млекото и повторно се остава да зоврие. Остатокот од млекото се додава постепено, така што оризот убаво ќе го впие. Се меша околу 15 минути.

Смесата се тргнува од ринглата и во неа се додаваат шеќерот, чоколадото и циметот. Се остава да отстои и откако ќе се олади, се сервира во сад.

Добар апетит!

 Чоколаден сутлијаш