Home ГОТВАЧ главни јадења Тајните на француската кујна – рецепт за „Cordon Bleu“

Тајните на француската кујна – рецепт за „Cordon Bleu“

3917
G Natural

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 1 китка магдонос
  • 150 грама крем сир
  • 4 парчиња шунка
  • 1 лажица брашно
  • 1 јајце
  • 6 лажици лебни трошки
  • 3 лажици масло за јадење
  • Сол и бибер

Подготовка:

Исечкајте го магдоносот и измешајте го со крем сирот, посолете и ставете бибер.
Со остар нож исечете ги пилешките гради на половина ( но не ги сечете до крај) и истолчете ги со толчник. На секое парче месо ставете по еден круг шунка и предходно подготвениот крем сир со магдонос, преклопете го месото и прицврстете ги краевите со чепкалки за заби.
Месото извалкајте го брашно и во разматеното јајце и на крајот во презла. Пржете на веќе загреана тава на среден оган 5 минути секоја страна.

Добар аптит!

Cordon bleu