Home ГОТВАЧ главни јадења Шпански омлет – еден поинаков омлет

Шпански омлет – еден поинаков омлет

4330
G Natural

Состојки:

  • 5 јајца
  • 150 мл млеко
  • 100 гр грашок
  • 2 компира
  • 100 гр сецкано димено бело месо
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици масло
  • сол и бибер

Подготовка:

Излупете го компирот и исецкајте го на коцки па заедно со кромидот на кратко пропржете го. Грашокот кратко обарете го и процедете го. Во длабок огноотпорен сад ставете го маслото и убаво размачкајте го. Ставете го месото исецкано на коцки, пропржениот зеленчук, и грашокот. Измешајте ги јајцата со млекото и зачините и прелијте го зеленчукот. Печете околу 40 минути на 180 степени. Послужете со салата.
Добар апетит!

Шпански омлет