Home ГОТВАЧ гезме Мезе за префинети гурмани – урнебес топчиња

Мезе за префинети гурмани – урнебес топчиња

11111
G Natural

Состојки:

  • 500 грама сирење ( овчо или кравјо)
  • 10 благи печени пиперки
  • 1 лута печена пиперка ( по желба )
  • 5 чешниња лук
  • 1 лажица кајмак
  • 1 лажица црвен пипер
  • 3 тврдо варени жолчки
  • Малку масло за јадење

Подготовка:

Изрендајте го сирењето. Излупете ги печените пиперки и исчистете ги од семките. Со помош на блендер ситно исечкајте ги. Лукот и жолчките испасирајте ги.
Сите намирници убаво измешајте ги и додадете малку масло за јадење.
Формирајте топчиња од смесата и топчињата оставете ги во фрижидер барем 2 часа пред да ги сервирате.
Добар апетит !

Урнебес топчиња