Состојки:
За тесто:
- 500 грама ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
- сув квасец
- 3 лажички масло за јадење
- 3 дл млака вода
- лажичка сол
- лажичка шеќер
За фил:
- 250 грама мелено месо
- 200 грама кашкавал
- 100 грама кечап
- 1 мала главица кромид
- чили или една помала пиперка ( по желба лута )
- оригано
- маслиново масло
Подготовка:
Замесете тесто од намирниците и оставете го околу 1 час да одстои. Кога ќе се удвостручи повторно замесете го.
На маслиново масло запржете го кромидот, додадете го месото и ситно исечканата пиперка. Ставете малку вода и динстајте додека целата течност не испари. Оставете го филот да се олади.
Тестото поделете го на делови во големина по ваша желба ( во зависнот колкава сакате да биде калцоната).
Парчињата тесто растегнете ги. Парчињата намачкајте ги со малку масло за јадење, кечап, фил, кашкавал и оригано. Добро преклопете ги краевите за да не дојде до излевање на филот. Редете ги во намрсен плех за печење.
Колцоните печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.
Добар апетит!