Home ГОТВАЧ Медени вафли – неодолива ужина за целото семејство

Медени вафли – неодолива ужина за целото семејство

2986
G Natural

Состојки:

  • 40гр шеќер
  • 550гр ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 300гр вода
  • 1 лажичка мед
  • 5 јајца
  • 300гр растопен путер
  • 1 ванила

Подготовка:

Разделете ги белките од жолчките во два одделни сада.
Во еден сад изматете ги белките со половина шеќер. Матете додека добиете „снег“ смеса.
Во друг сад изматете ги жолчките со останатиот шеќер. На крај  додадете го растопениот путер. Продолжете да матите додека не добиете  кремаста смеса, а пота малку по малку  додавајте вода.
Добиената смеса измешајте ја со изматените белки, и продолжете со миксирање, но со пониски вртежи.
Промешајте го брашното заедно со ванилата, додадете го во смесата и повторно добро мешајте. На крај, додадете го медот.Добиената готова смеса треба да биде со густина на боза, за да може полесно да се истури во тавата за печење.
Печете ги вафлите во силно загреана и малку подмачкана тава.
Гарнирајте по желба.

Добар апетит!

PACKSHOT