Home ГОТВАЧ Рецепт за домашен чоколаден намаз (Нутела)

Рецепт за домашен чоколаден намаз (Нутела)

2067
G Natural

Состојки:

  • 200 гр ореви или лешници
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица какао за колачи
  • 1 ванилин шеќер
  • Малку сол (меѓу прстите)
  • 350 гр чоколадо

Подготовка:
Во сува тава пропржете ги оревите или лешниците.
Истресете ги во сечкач и сомелете ги ситно. Дададете две лажици маслиново или обично масло, сол, какао и шеќер во прав. Сето ова добро измешајте го за да се соединат сите состојки.
На чоколадата додадете и ја смесата и се заедно добро изматете во блендер.
Оставете го намазот да се излади и послужете го.
Добар апетит!

Чоколаден намаз