Home ГОТВАЧ Пробајте нешто ново – Лаки колач од леб

Пробајте нешто ново – Лаки колач од леб

3200
G Natural

Состојки:

  • 200 гр стар леб
  • 7.5 децилитри млеко
  • 200 гр мелени бисквити
  • 100 гр шеќер
  • 100 г кандирано овошје (од цитрусни плодови)
  • 125 гр какао во прав
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр путер
  • Суво гројзе
  • 2 јајца
  • 30 грама (ореви, лешници или пак борови ореви)

Подготовка:
Изронете го лебот и ставете го во голема чинија. Загрејте го млекото и во него растопете го путерот, а потоа додадете го чоколадото за готвење, мелените бисквити, какаото и шеќерот.
Прелијте ги преку лебот и оставете да отстои околу 4 часа за да омекне.
Во сад со вода ставете го сувото грозје и оставете да омекне.
Смесата од леб добро измешајте ја со рацете за да се изедначи.
Во смесата додадете ги јајцата, 30 грама (ореви, лешници или пак борови ореви), сецканото кандирано овошје и исцеденото суво грозје.
Целата смеса ставете ја во плех со пречник од 20 сантиметри и печете околу час и половина на 180 степени.
Оставете го колачот да се олади пред да го послужите.
Добар апетит!

Лаки колач од леб