Home ГОТВАЧ главни јадења Направете си домашно гиро со ѕаѕики сос

Направете си домашно гиро со ѕаѕики сос

15989
G Natural

Состојки:
За ѕаѕики сосот:

  • 450 мл кисело млеко
  • ½ краставица
  • 2 – 3чешниња лук
  • 1 лажичка вински оцет
  • малку сок од лимон
  • маслиново масло
  • сол
  • црн пипер

За пилешкото месо:

  • 1 парче пилешко бело месо од околу 500 – 600 г
  • 2 лажички вински оцет
  • 2лажици маслиново масло
  • 2 полни лажици кисело млеко
  • 1 лажичка оригано
  • 4 чешниња лук
  • сок од лимон
  • сол, црн пипер
  • Тортиљи
  • сечкан црвен кромид
  • домати

Приготвување:
За да го подготвите ѕаѕики сосот, ставете го киселото млеко во газа над еден сад нека стои неколку часа (или ако е можно преку ноќ), за да се исцеди вишокот течност. Излупете ја и изрендајте краставицата. Ставете ја во крпа и стиснете да ја исцедите вишокот вода. Измешајте го киселото млеко, краставицата, со згмечениот лук и отанатите состојки, да се соединат. Додадете лимунов сок по вкус, попрскајте со маслиново масло и нека стои во фрижидер 30 минути пред да послужите.
За да го подготвите пилепкото –  пилешкото во еден сад измешајте го згмечениот лук, сокот од лимон, оцетот, маслото, киселото млеко, ориганото, солта и црниот пипер. Измешајте убаво па во ова ставете ги парчињата пилешко да се маринираат околу 1 час. Потоа испечете го пилешкото на скара или пак во рерна. Оставете го готовото месо да се лади 5 минути, па потоа исечете го на ленти. Загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со малку масло, потоа наполнете ги со пилешко, ѕаѕики сос, сечкани домати и црвен кромид. Сервирајте веднаш.

Добар апетит!

Домашно