Home ГОТВАЧ Посна торта од јаболка (без масло)

Посна торта од јаболка (без масло)

5254
G Natural

Состојки:

  • 6 јаболка
  • 20 лажици шеќер
  • 1 чаша крупно сечкани бадеми
  • 1 пакетче гриз
  • 20 лажици брашно
  • 20 лажици вода
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 ванила

Подготовка:

Излупете ги и изрендајте јаболката. Измешајте ги заедно со бадемите, 1 пакетче гриз, 20 лажици брашно, 20 лажици вода, 1 лажичка сода бикарбона.

Подгответе ја смесата и ставете ја на тепсија што претходно сте ја набрашниле. Нека отстои еден час. Потоа ставете ја смесата да се пече на 200 ц степени и постепено намалувајте ја температурата.

Откако ќе се испече попарете ја тортата со шербет или половина литар вода со половина килограм шеќер и 1 ванила.

Добар апетит!