Home СОВЕТИ Нова финта – Јадете салата, а гледајте во пица

Нова финта – Јадете салата, а гледајте во пица

2673
G Natural

Како што велат експертите, здравата храна има многу подобар вкус кога додека ја џвакаме гледаме фотографија на храна богата со јаглени хидрати. Научниците се обиделе со еден необичен експеримент да ја докажат теоријата дека „луѓето јадат со очите“.

Пица

На испитаниците им биле прикажани наизменични слики од храна, на кои се нашле пица, тестенини, боранија и лубеница, а потоа тие, преку т.н. електричен тест, давале оценки за вкусот на храната. Излегува дека набљудувањето на храна богата со јаглени хидрати го зголемува задоволството и вкусот на храната, додека гледањето слики од овошје и зеленчук може да поттикне негативен став кон експериментални супстанции.

– Добиените резултати претставуваат доказ дека естетиката на висококалоричната храна поттикнува хедонистички тенденции и го подобрува вкусот. Ова може да има значително влијание врз производство на храна, а со тоа и на побарувачката од потрошувачите, вели докторот Јохан де Кутур од истражувачкиот центар Nestle кој ја спроведе оваа студија.

Сос за салата

Извор:Идивиди