Home СОВЕТИ Како до подолг живот?

Како до подолг живот?

2019
G Natural

Исхраната која вклучува овошје, зеленчук, риба и пилешко, наместо црвено месо, им помага на луѓето да живеат подолго, а истата и ги штити од голем број хронични заболувања, објавуваат американските експерти.
Според нив тајната на долгиот живот без болести, е во намалувањето на количината црвено месо кое се внесува во замена за риба, пилешко, ореви, мешункасти растенија, нискомаслени млечни производи и зрнести производи.

– Со намалено количеството црвено месо и брза храна, може да се избегнат 10 отсто од сите смртни случаи, велат научниците. Месото е главен извор на протеини и масти во многу диети, но исто така е поврзано со зголемувањето на случаите на дијабетес, срцевите болести и многу видови на рак.
Новото истражување во кое беа вклучени 37.698 мажи и 83.644 жени покажува дека црвеното место, особено обработено како сланината, колбасите и меленото месо, го зголемува ризикот од смрт.

Како до подолг живот