Состојки:
- 7 лажици брашно
- 1 сув квасец
- 2 шолји млеко
- 1 шолја масло
- Сол или шеќер ( во зависност каква пита правите)
Подготовка:
Кога подготвувате пита од готови кори, солена или слатка, секоја коре премачкајте ја со овој прелив а потоа филувајте ја на вообичаен начин. Остатокот од преливот истурете го врз питата и оставете да отстои час и половина пред печење.