Home ГОТВАЧ главни јадења Еве како да си направите домашни колбаси

Еве како да си направите домашни колбаси

25710
G Natural

Состојки:

  • 7 кг свинско месо (мелено)
  • 2, 5 кг говедско месо (мелено)
  • лук
  • блага пиперка
  • лута пиперка
  • црн пипер
  • 100 мл бело вино
  • сол
  • 100 гр свежа сланина исецкана на коцки

Подготовка:
Измешајте го месото, додадете ги зачините, пиперките и исецканата сланина. Виното измешајте го со лукот на тивок оган, а потоа додадете го во месото. Убаво промешајте. Смесата полнете ја во тенки или дебели црева и сушете ги колбасите на ниска температура 15 до 20 дена.

Добар апетит!

Домашни колбаси