Home ГОТВАЧ Многу брзо, фино и вкусно: Брза погача со спанаќ

Многу брзо, фино и вкусно: Брза погача со спанаќ

7824
G Natural

Многу брзо, фино и вкусно…

Потребно е:

300 гр исчистен спанаќ
2 јајца
100 гр сирење
50 гр кисела павлака
150 мл јогурт
100 мл млеко
1 шоља (шоља од 200 мл) пченкарно брашно
1/2 прашок за пециво
брашно по потреба
сол
масло за готвење

Подготовка:

– Спанаќот убаво измијте го и обарете го во солена вода. Исцедете го во цедалка.

– Во еден сад измешајте ги јајцата, киселата павлака, сирењето, јогуртот, млекото и солта. Во тоа додадете го спанаќот, пченкарното брашно, прашокот за пециво и по потреба бело брашно за да добиете смеса малку погуста од таа за палачинки. Измешајте убаво.

– Тавата премачкајте ја со масло и сипете ја горната смеса.

– Печете во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30-40 минути. (Можете да ја проверите погачата дали е печена со забодување на чепкалка за заби додека се пече. Ако ја извадите чепкалката сува тогаш погачата е готова и извадете ја од рерна.)

– Послужете ја топла со шоља јогурт.