Home ГОТВАЧ гезме Гибаница од сув леб

Гибаница од сув леб

13298
G Natural

Доколку имате бајат и сув леб, не го фрлајте.

Искористете го за овој брз и едноставен рецепт.

Испробан рецепт и многу вкусен.

Потребно е:

4-5 парчиња сув леб
5 јајца
500 гр кисело млеко
100 гр сирење
малку сол
малку сусам

Подготовка:

– Кришките стар леб исечете ги на коцки.
– Лебот натапкајте го во подмачкана тава. Одозгора посипете со издробено сирење.
– Изматете ги јајцата, посолете и додадете го киселото млеко. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
– Прелијте преку лебот. Посипете со сусам.
– Тавата со гибаницата од леб ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-тина минути односно додека не добие убава румена боја.