Home ГОТВАЧ гезме Ќофтиња со сирење

Ќофтиња со сирење

5393
G Natural

Состојки:

  • 500 грама јунешко (или мешано)  мелено месо,
  • кромид,
  • 250 грама сирење,
  • 1 стара кришка леб,
  • 2 лажици сецкан магдонос,
  • 1/2 лажица оригано,
  • 1 јајце,
  • масло,
  • сол,
  • бибер.

Подготовка:

Кришката леб потопете ја во малку млака вода. Сирењето исецкајте го на коцки. Кромидот излупете го и исецкајте го, па пропржете го на малку зејтин. Меленото месо ставете го во чинија, додајте го омекнатиот леб и сите останати состојки. Измешајте ги и направете ќофтиња. Во секое ќофте ставете по едно парче сирење. Загрејте масло и пржете ги ќофтињата додека не поруменат.

Ќофтиња со сирење