Home ГОТВАЧ гезме Идеја за брз ручек – печен зеленчук со сирење

Идеја за брз ручек – печен зеленчук со сирење

7600
G Natural

Состојки:

  • 250 грама тиквици,
  • 200 грама црвена пиперка,
  • 250 грама домати,
  • една лажица мешан сув зачин,
  • 1 лажица маслиново масло,
  • 200 грама сирење.

За сос:

  • 2 лажици сецкан босилек,
  • 3 лажици маслиново масло,
  • 1/2 лажица лук во гранули,
  • прстофат мелен синап,
  • 1 лажица оцет,
  • бибер

Подготовка:

Тиквиците, пиперките и доматите исечете ги на кришки, посипете ги со зачин и попрскајте ги со масло. На тава пропржете го подготвениот зеленчук. Босилокот помешајте го со маслиново масло, синапот, лукот, оцетот и биберот. Топлиот зеленчук послужете го во чинија, по него распоредете го сирењето и прелијте го со подготвениот прелив.

Печен зеленчук со сирење