Home ГОТВАЧ Италијанска торта со бисквити – лесна и брза торта

Италијанска торта со бисквити – лесна и брза торта

7864
G Natural

Состојки:

  • 3 јајца
  • 130 гр шеќер
  • 130 гр лешници
  • 130 гр путер
  • 40 парчина бисквити
  • 1 чаша кафе со млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 мала чашка рум

Подготовки:
Жолчките се матат со шеќерот, додека не се добие пена.
Лешниците се печат во рерна на умерена температура, околу 15 минути. Откако ќе се испечат се мелат или се сецкаат ситно.
Путерот се мати, па се додава смесата со жолчките. Се додаваат и лешниците. Целата смеса се мати повторно со миксер.
Додека сеуште матите со миксер, додадете рум, а на крај додадете ги матените белки, но многу бавно и внимателно, за да не спласнат.
Бисквитите се потопуваат во кафето со млеко во кое претходно сте го додале ванилиниот шеќер. На дното од тавате ставете еден ред бисквити. Потоа додадете дебел слој од кремот. Се ставаат ред бисквити, ред крем, се додека не се потрошат состојките.
На крај треба да завршите со бисквити.
Тортата се покрива со алуминиумска фолија и треба да отстои 5 часа во фрижидер.

Италијанска торта со бисквити