Home ГОТВАЧ Швајцарски појадок – највкусна каша за вашето бебе

Швајцарски појадок – највкусна каша за вашето бебе

5813
G Natural

Состојки:

  • 2 лажици овесни снегулки
  • ½ шоља вода
  • 12 зрна суво грозје
  • половина јаболко
  • половина банана
  • половина круша
  • ½ чаша јогурт
  • сок од ½ лимон
  • неколку лешници или бадеми
  • сезонско овошје
  • ½ лажици шеќер во зависност од киселоста на овошје

Подготовка:
Навечер ставете ги овесните снегулки и сувото грозјето да остојат во вода. Утрото додадете го ситно исецканото јаболко, банана, круша, ½ чаша јогурт, сок од лимон, смелен лешник или бадем. Потоа се додаваат јагодите, праските, кајсиите или друго сезонско овошје. Така да во зависност од годишното време ќе се менува овошјето, но основата мора да биде иста од јогурт, овесни снегулки, бадеми.
НАПОМЕНА: Може да се даде на дете над 1 година.

Овесна кашичка за бебиња