Home ГОТВАЧ Грчка торта со Kit-Kat чоколадца

Грчка торта со Kit-Kat чоколадца

4279
G Natural

Состојки:

  • 10 јајца
  • 400 гр шеќер
  • 100 гр ореви
  • 250 гр плазма
  • 1 литар млеко
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр лешници
  • 150 гр Mилка чоколада
  • 140 гр густин
  • Kit Kat чоколадца

Подготовка:
Изматете две кори од по 5 белки со 8 лажици шеќер, 5 лажици мелени ореви, 5 лажици мелена плазма и малку брашно. Печете го корите во кружен плех.

Фил:

Сварете го млекото. Од него одвојте малку и со одвоеното млеко разматете го густинот со остатокот од шеќерот па сварете го филот. Кога ќе се излади, изматете ги маргаринот и додадете ја мелената плазма, сечканото Mилка чоколадо и сечканите лешници.

Помеѓу двете кори премачкајте го филот и украсете со Кит Кет чоколадца.
Пријатен апетит!

Грчка торта со Кит Кет